Вклучете се во програмата „Општинско – корисна работа“. Објавен огласот на кој можат да аплицираат невработени лица од општината.

Сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, преку проектот „Се грижиме”, за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Валандово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време, со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да се долгорочно невработени лица, евидентирани над 12 месеци, лица помлади од 29 години или лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на едно медицинско лице со завршено средно образование, еден социјален работник со завршено високо образование и тројца за вршење основни работи со завршено средно образование.

Лицата кои поседуваат возачка дозвола од категоријата „Б“ при поднесувањето на пријавата доставуваат и доказ за положен возачки испит.

Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Валандово, во периодот од 01.08.2018 година до 10.08.2018-та година, од 8.00 до 14.00 часот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password