Случај на отруени кучиња во Валандово

Отруени се неколку кучиња скитници во градските населби „Албанска маала“ и „Мечкин даб“ во Валандово. Жителите на овие улици го пријавиле случајот во полиција, по што од полицијата интервенирале со помош на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, за да се соберат мртвите кучиња.

На територијата на овие населби била расфрлена храна со отров. На ова, граѓаните на социјалните мрежи остро реагираа, велејќи дека покрај нив, настрадале и неколку мачки, но и домашни миленици и дека ова е крајно нехуман пристап кон животните.

Претходно, во интервју за Валандово.мк градоначалникот на општината – Перо Костадинов изјави дека договорот за изградба на стационари во Гевгелија и Струмица со Центарот за развој на Југоисточниот регион е веќе потпишан и треба да започнат тендерските постапки.

Костадинов истакна дека проблемот треба да се решава соодветно и кон кучињата да се постапува на хуман начин и дека се надева од наредната година истите да профункционираат.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.