О.О.У „Страшо Пинџур“ – Јосифово го одбележа „Денот на Европската соработка“

Учениците од О.О.У „Страшо Пинџур“ од Јосифово денеска го одбележаа „Денот на Европската соработка“. Облечени во маички со пораки за европска соработка и заедништво, преку неколку креативни активности и преку забава и дружење, учениците создадоа креативни творби со пораки за соработка, инклузивност и еднаквост помеѓу луѓето.

Веќе седма година по ред се одбележува „Денот на Европската соработка“ во цела Европа, во координација на Европската Комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот Парламент. Целта на кампањата е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавност.

„Европскиот ден на соработката“ ги истакнува достигнувањата постигнати преку соработката на луѓето од различни држави секоја година и ја зголемува видливоста на „Interreg – IPA CBC“ Прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и придобивките од нивните проекти.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.