На 03.11.2018-та година (сабота) ќе се одржи натпревар по параглајдерство во дисциплината „Прецизно слетување“.
Натпреварот ќе се одржи во Валандово, на параглајдерските полетувалишта Татарли или Голаш, во зависнот од моменталните метеоролошки услови.
Организатор на натпреварот е Клубот за екстремни спортови „Пеликан – екстрем“ – Стојаково.
Инаку летово Голаш и Татарли беа регистрирани во регистарот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија како параглајдерски полетувалишта откако претставници од КЕС „Пеликан – екстрем“ извршија преглед и контрола на квалитетот на теренот на овие две локации.