Од денеска започнува обврската за поседување зимска опрема во возилата. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15), моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31 од 2010 година).
На возачот кој постапува спротивно на одредбата од став 1 од овој член, ќе му биде издаден Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15).
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатија апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска. Тие апелираат до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.