Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово се одржа трибина за штетните последици од наркотичните средства

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово се одржа трибина за борба против тутун, алкохол и наркоманија –  дел од ноември – месецот на одбележување на борбата против овие штетни наркотични средства и нивните последици по човековото здравје.

Трибината е во организација на ОО „Црвен Крст“ – Валандово, МВР – Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово. На средношколците им беа презентирани штетните влијанија на тутунот, алкохолот и дрогата и последиците по здравјето на човекот.

Презентер на трибината беше д-р Митко Кортов кој од здравствен аспект им го објасни штетното влијание на учениците. Исто така, присутни беа и претставници од Полициската станица од Валандово.

Ваквата трибина годинава за првпат се одржува во средното училиште и според Алекса Димов – Секретар во ОО „Црвен Крст“ – Валандово, во план е да се одржи и презентација за борба против трговија со луѓе. Целта на ваквите трибини е да се подигне свеста кај младите за штетните влијанија на наркотичните средства, кои доведуваат до сериозни нарушувања на нивното здравје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password