Објавен распоредот за Буџетските форуми по месни заедници во општина Валандово

Општина Валандово го објави распоредот за Буџетските форуми по месни заедници во општината. Овие форуми имаат за цел да го зголемат учеството на жителите на оваа општина во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината, како и зголемување на нејзината транспарентност.

Од вторник – 20.11.2018-та до петок – 23.11.2018-та година ќе се одвиваат овие форуми, на кои можат да присуствуваат сите жители од секое населено место, во точно утврдените датум и време.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари