Кривични пријави за измама против две лица од општина Валандово

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.П.(61) од село Јосифово, валандовско и правно лице од село Јосифово, валандовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама при добивање кредит или друга погодност“ и против Ѓ.И.(50) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.

Во периодот од 2010-та до 2018-та година на првопријавениот, како овластено лице на второпријавеното правно лице, од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, врз основ на договор за закуп на земјоделско земјиште со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за подигање на долгогодишни насади на лозја, му биле исплатени субвенции во износ од 416.642 денари, со што го оштетил Буџетот на Р.Македонија за истиот износ. Притоа првопријавениот склучил усмен договор со третопријавениот, за подзакуп и плодоуживање на истото земјоделско земјиште. По ова, во истиот период третопријавениот, претставувајќи се како сопственик на наведеното земјоделското земјиште, го издавал на користење  на трети лица,  со што се стекнал противправна имотна корист од 178.350 денари.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password