Пораз на домашен терен за КМФ СК „Проект-Цико“

Пораз за екипата на КМФ СК „Проект-Цико“ со резултат 2:6, по синоќешниот натпревар со првопласираниот тим на табелата – КМФ „Шкупи“ – Скопје, кој се одржа во спортската сала „Филип Втори“ во Валандово.

Стрелци на натпреварот на КМФ СК „Проект-Цико“ беа Костадинов (1) и Тенекеџиев (1). Натпреварот беше дел од 12-тото коло на Првата Футсал Лига на Македонија.

Според досегашните резултати од табелата „Проект-Цико“ се наоѓа на 5 место, со вкупно освоени 18 поени. Следниот натпревар ќе гостуваат во Велес, на екипата КМФ „Велес“.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.