Вечерва (6.12.2018-та година) со почеток од 19:30 часот, во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, ќе се одигра натпревар помеѓу екипите на КМФ СК „Проект-Цико“ и КМФ „Велес“.
Натпреварот е дел од 13-тото коло од Првата Македонска Футсал Лига.
Според досегашните резултати на табелата, КМФ СК „Проект-Цико“ се наоѓа на 5-тото место, со вкупно освоени 18 поени, додека пак КМФ „Велес“ на 2-ро место, со освоени 29 поени.