Општина Валандово во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во 2019-та година, ќе реализира проект за уредување на туристичка инфраструктура на патеката од градот до манастирот „Св. Ѓорѓи“, како и просторот околу манастирот.
Проектот во себе опфаќа поставување на повеќе партерни елементи, како павилјони, фитнес зони, дрвени клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, елементи за забава на деца, трим патека и целосно осветлување на патот до манастирот.
