КМФ „Проект-Цико“ на домашен терен ќе ги одмери силите со КМФ „Црна Река“

Утре (21.12.2018-та година-петок) во спортската сала „Филип Втори“ – Валандово, ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на КМФ „Проект-Цико“ и КМФ „Црна Река“, со почеток од 19 часот.

Овој натпревар е последен од оваа година и од големо значење за „Проект-Цико“, со надеж за нови 3 бодови.

По освоените 3 бодови од минатиот натпревар со КМФ „Јувентус“, КМФ „Проект-Цико“ се наоѓа на 5-тата позиција на табелата на Првата Футсал Лига на Македонија, со вкупно освоени 24 поени.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.