По синоќешниот натпревар на домашен терен, КМФ СК „Проект-Цико“ со голема победа над екипата на КМФ „Црна Река“ со резултат 7:5 и освоени 3 бодови.
Со тоа, „Проект-Цико“ сега се наоѓа на 3 место на табелата на Првата Футсал Лига во Македонија, со вкупно освоени 27 бода.
Овој натпревар беше дел од 15-тото коло а стрелци на КМФ СК „Проект-Цико“ беа: Ристовски (3), Грбашлиев (2), Костадинов (1) и Ристенски (1).
Натпреварите продолжуваат од февруари.