СОУ „Гоце Делчев“ со иновативна идеја на работилница за социјално претприемништво

СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово со свој тим учествуваше на втората Upshift работилница за социјално претприемништво, организирана од CEED Hub Skopje, а поддржана од Фонд за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука и UNICEF MK.

Иновативната идеја на СОУ „Гоце Делчев“ за вертикални градини влезе во првите пет. Како награда следува парична поддршка за да се оствари идејата.

На работилницата учествуваа основци и средношколци од цела Македонија. Младите ги презентираа иновативните решенија за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.