Снегот кој почна да паѓа од вчера, предизвика проблеми на регионалните и локалните патни правци во струмичко. Тешко прооден е регионалниот патен правец Струмица-Валандово, иако не е затворен за сообраќај. Сепак, не се препорачува тргнување на пат кон овој патен правец, доколку нема потреба за тоа.
Олеснет е сообраќајот и на влезот од Валандово, на кој синоќа имаше застој и колони од возила, поради големите наноси од снег. Уште синоќа екипи на ЈП „Комунален Сервис“ – Валандово масовно го чистеа влезот, како и улиците низ градот.
Засега сообраќајот се одвива во нормални услови, но од „Комунален Сервис“ истакнаа дека, доколку жителите на општина Валандово се соочуваат со било какви проблеми од снегот, да се јават на телефонскиот број 077 801 520.

