На страната на Бирото за јавни набавки e-nabavki.gov.mk, Општина Валандово распиша јавна набавка за партерно и хортикултурно уредување на просторот околу новоизградената детска градинка во с. Брајковци.
Уредувањето на просторот ќе опфаќа бетонирање на пешачки патеки и скали, изработка и монтажа на метална ограда и влезна порта, монтажа на бекатон плочки, како и посадување на дрва и нови зелени површини.