Со 650 илјади евра Владата најави реконструкција на државниот пат од Раброво, т.е. раскрсницата Раброво – Валандово до Фурка.
Според плановите реконструкцијата треба да започне годинава, а не е прецизирано кога се очекува да заврши.
Претходно, делницата Дедели – Фурка беше најавена за рехабилитација со средства од Светска банка, но истата со објавата на Тендерот беше изземена од проектот.