Во Валандово се одржа трибина за користење претпристапна помош за рурален развој од ИПАРД

Денес (22.01.2019 година) во просториите на Домот на култура „25 Мај“ – Валандово, се одржа информативна трибина за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2019.

Целта на трибината беше подобро информирање на граѓаните за можностите за развивање на руралните средини, мерките кои им стојат на располагање, како и постапката пред АФПЗРР за користење на средствата од ИПАРД 2014 – 2019 Програмата.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password