Почнаа подготовките за фестивалот „Пролетни веселби“ откако делегација од Здружението и делегацискиот одбор на фестивалот, оствари работна посета во Анкара, Турција.
Претседателот и потпретседателот на Здружението – Шенол Тахир и Сељами Тахир, минатата недела одржале повеќе работни средби со претставници од државни институции и здруженија, за претстојното 28-мо издание на овој фестивал, кој од 3-ти до 6-ти мај годинава, освен во Чалакли, ќе се одржува и во Гостивар и Струмица, а културни настани ќе има и во Валандово и Башибос.
На фестивалот планирани се повеќе настани за посетителите, како и гостување на културно-уметнички друштва од Балканот.
Фестивалот „Пролетни веселби“ се одржува по повод празникот Х’дрелез или Ѓурѓовден, кој се слави на 6-ти мај и го означува будењето на пролетта и обновувањето на вегетацијата. Фестивалот е впишан во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото и турската заедница во Македонија.