Учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово на курс за справување со конфликти

Изминатите два дена (26-ти и 27-ми јануари 2019-та година) во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово беше реализирана четвртата обука со третата група ученици во рамките на проектот Мерка-3, финансиран од Министерството за образование и наука на Р.Македонија.

Обуката на тема: „Справување со конфликти“ е дел од проектот „Воспоставување на курсеви со решавање на проблеми, за зајакнување на меките вештини кај учениците“. Валандовските ученици имаа можност интерактивно да учествуваат во обуката, со примена на вежби.

Претходно како дел од овој проект средношколците беа и на курс за емоционална писменост во Берово.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password