Рабровчани се противат на селските гробишта да се погребуваат лица кои не се жители на селото

Деновиве жителите на село Раброво излегоа со бизарна иницијатива и решија со собирање потписи да забранат погребување на селските гробишта на лице кое не е жител на селото.

Лицето кое, како што дознаваат извори на Валандово.мк, самото пред да настане смртта изјавило желба да биде погребано во Раброво.

Се работи за бизнисмен од Грција, кој долги години работи и престојува во Валандово.

Сепак, иако селаните се противат на тоа, погребот е закажан за утре. Како што велат дел од нив веќе барале друг начин како да го спречат погребот.

Главниот аргумент на рабровчани за покренување на ваквата иницијатива е дека на гробиштата во селото нема погребални места за нивните жители, не пак за лица од страна.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.