По добивањето на првиот дел од грантот од Фондацијата отворено општество Македонија, која поддржува активности за меѓуетничка интеграција на учениците, во О.О.У „Страшо Пинџур“ – Јосифово се реализираа дел од планираните активности.
Беше реконструирана една просторија во училиштето која ќе им биде ставена на располагање на членовите на Заедницата на ученици од ова училиште која е и носител на активностите.
Во наредниот период следува и реализацијата на вториот дел од активностите и доопремување на просторијата.
Од училиштето им се заблагодаруваат на сите ученици, родители и наставници кои активно се вклучија во реализацијата на активностите.
