По последните поплави во Горно маало, Јосифово, градоначалникот Костадинов вети решавање на проблемот и по цена на задолжување на Општината

Валандово / 03:24

На последната седница за Советот на Општина Валандово, по настаните со поплавите во Горно маало во Јосифово, повторно беше потегнато прашањето за инфраструктурно уредување на истото.

Во дискусијата Градоначалникот Перо Костадинов изјави дека минатата година Општината го завршила проектот за каналот во Горно маало, Јосифово, што до овој момент претставува најголем проект кој го изработила Општината, чија сума надминува инвестиции од 1 милион евра.

Како што изјави тој, проектот е од највисок приоритет за Општината и доколку не успеат да обезбедат средства од централните нивоа на власт, Општината ќе се задолжи за да во првата половина од оваа година го отпочне тој проект.

Во однос на Калковска река, Костадинов рече дека од минатата година започната е соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и заеднички е побарано од Градежен Факултет од Скопје да изработи технички проект за трајно решавање на овој проблем.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password