Од следната учебна година СОУ „Гоце Делчев“ планира да воведе нова струка – Забен техничар

Средното оштинско училиште „Гоце Делчев“ од Валандово работи во насока од следната учебна година да воведе нов образовен профил „Забен техничар“, од здравствената струка.

Ова беше барање на управата на училиштето за кое зелено светло на вчерашната седница даде и Општинскиот Совет.

Сега се чека на одлуката од Министерството за образование кое го има последниот збор за конечно воведување на новата струка во училиштето.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.