Според податоците објавени на системот на Бирото за јавни набавки, во 2018-та година Општина Валандово склучила 35 договори за јавни набавки.
Договори се потпишани со 28 компании од територијата на цела држава, а нивната вредност изнесува 35.013.645 денари.
Најголем дел од општинските пари наменети за јавни набавки добила компанијата „Жикол ДООЕЛ експорт импорт“ од Струмица и тоа во висина од 9.132.657 денари во две јавни набавки, што претставува 26.1% од вкупната сума.
Компании кои повеќе од еднаш се јавуваат како носители на јавни набавки се „ГАБРО Томе Тренчев ДООЕЛ увоз-извоз“ Струмица со четири, и „АБА ПЕЛИВАНОВ ДООЕЛ“ с.Фурка, Дојран, „ПЕШО Инженеринг“ од Струмица и „Жикол ДООЕЛ експорт импорт“ исто од Струмица со по два добиени тендера.
За разлика од 2017-та година, кога Општината за јавни набавки потроши 17.2 милиони денари, минатата година сумата е зголемена за 103.6%.
