И годинава по четиринаесетти пат неколку планинари од југоистокот ќе маршираат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.
200-километарската маршута планинарите од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш ја започнаа од пред споменикот „Македонија“ во Струмица, за на 26-ти овој месец да пристигнат во Скопје на гробиштата Бутел каде што е погребан претседателот Трајковски.
Тие со пристигањето ќе и се приклучат на церемонијата за одбележување 15 години од смртта на Трајковски.