СОУ „Гоце Делчев“ и ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ќе го подобруваат хортикултурното уредување во општината

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комунален сервис“ – Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, започнаа процес на меѓусебна соработка и координација со цел одгледување на цвеќиња и заеднички допринос во хортикултурното уредување на општина Валандово.

Во моментов, во просториите на СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, засадени се неколку илјади цвеќиња, за кои се грижат учениците и професорите од земјоделската струка при училиштето. По завршувањето на процесот на одгледување во училиштето, ЈП “Комунален сервис” Валандово има преземено обврска израснатите цвеќиња да ги искористи за создавање на нови зелени и цветни површини во градот и останатите населени места во општината.

Соработката помеѓу институциите од овој тип, е од исклучителен интерес за заедницата и ќе биде темел за понатамошна меѓуинституционална поврзаност и задничко спроведување на проекти од широк општествен интерест и во други области.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.