Во Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата

На 21.03.2019-та година (четврток) со почеток од 18 часот, во просториите на Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата.

Денот на поезијата ќе биде одбележан со излагањата на проф. Елена Остреска на тема: „Рацин на Раца: од платонска љубов до возвишена поезија“ и проф. Дијана Петрова, на тема: „Жената како творец“ (преку творештвото на Даница Ручигај и нејзината пикантна и контроверзна поезија од 19-ти век).

Се покануваат сите љубители на поезијата и пишаниот збор.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.