На 27.03.2019-та година (среда) со почеток во 19 часот, во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, ќе биде промовирана книгата „101 живот“ на професорката Весна Мојсова-Чепишевска.
Книгата е роман во писма на две авторки, испраќани меѓу далечната Америка и блиска Македонија.
Мојсова-Чепишевска е доктор на науки по современа македонска книжевност, редовен професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, книжевен теоретичар, критичар и извонреден писател.
Таа има објавено околу 300 трудови во домашни и странски книжевни списанија и е автор на 6 книги. За нејзиното творештво има добивано и голем број на награди.