Градоначалникот на општина Гевгелија – Сашо Поцков, на седница на совет информираше дека стационарите за бездомни животни наместо во Гевгелија и Струмица, според предвиденото, ќе се градат во Валандово и Струмица.
Оваа одлука за промена на локацијата на стационарот, како што вели Поцков, е донесена поради појавените пречки при обезбедувањето на локација наспроти потребата од забрзување на постапката. Тој додава дека, за одбележување е и подготвеноста на општина Валандово да го прифати регионалниот стационар на своја територија.
До реализацијата на овој проект, ЈПКД „Комуналец“ забрзано го приспособува започнатиот привремен објект за стационирање кај Сува река и во соработка со невладините организации, бездомните кучиња, по третирањето од надлежната ветеринарна станица, ќе бидат згрижувани тука – информира Поцков.
Изградбата на стационарите е планирана со проект на Југоисточниот плански регион.