При крај се градежните активности на индустриската зона во Јосифово

Деновиве, на индустриската зона во Јосифово, завршува изградбата на новата фекална и атмосферска канализациона мрежа, додека наредните денови ќе се изведува тампонирањето на индустриските улици.

По завршувањето на оваа фаза од уредувањето на индустриската зона, општина Валандово ќе работи на изградба на водоводна мрежа, систем за осветлување и целосно асфалтирање на индустриските улици, со што целосно ќе се заврши урбанистичкото уредување на зоната чие функционирање е од круцијално значење за општината.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.