Викендов на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство се одржа натпревар по информатика за основните и средните училишта.
Во силна конкуренција од ученици од средните училишта во Македонија, првото место го освои ученикот Мартин Динев од СОУ „Никола Карев“ – Струмица, со максимални 500 поени.
Мартин исто така беше прогласен за најуспешен учесник на натпреварот и се пласираше за учество на Македонската Олимпијада.
Тој е инаку четврта година – профил техничар за компјутерска техника и автоматика, а на натпреварот учествуваше под менторство на професорката по информатика Лидија Петрова Иванова.