За една недела регистрирани 7 смртни случаи од грип, едно лице и од Валандово

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 7 смртни случаи асоцирани со грип, два од нив со датум на смрт во претходните две недели. Се работи за 3 лица од Скопје, две од Кичево и по едно лице од Ресен и Валандово. Возраста на починатите се движи од 37-82 години.

Кај 5 лица е утврдена претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет.

Во текот на 11-та недела од 2019 година (11.03-17.03.2019), во земјава се пријавени 1.573 (I=117,4/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 35,2% намалување во споредба со минатата недела (n=2.429).

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 20,6% споредено со 11-та недела од минатата сезона, а во однос на просекот за 11-та недела  од  последните 8 сезони, постои зголемување за 2,1 пати.

Најголем број заболени (n=1.003; 63,7%) се пријавени во возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 130,8/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 0-4 години.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password