По синоќешниот натпревар на домашен терен, КМФ „Проект-Цико“ со резултат 11:3 извојуваше победа над екипата на КМФ „Кратово“.
Стрелци на натпреварот за „Проект-Цико“ беа: Костадинов (4), Тенекеџиев (3), Коцев (3) и Митков (1). Натпреварот беше дел од 21-вото коло на Првата футсал лига на Македонија.
Наредниот натпревар КМФ „Проект-Цико“ ќе го одигра против екипата на КМФ „Шкупи 1927“ и е дел од 1/8 финалето.