Ученици и наставници од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во периодот од 02-11 март беа во посета на Романија.
Целта на посетата беше соработка помеѓу партнер училиштата од Македонија, Бугарија, Романија, Полска и Литванија преку Проект од „Еразмус +“ програмата.
СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово е носител на проектот „Исти сме иако на различен начин учиме“ кој ќе се реализира оваа и следната учебна година (2018-2020).
Учениците и наставниците преку најразлични работилници ќе ја разработат темата Аутизам, заеднички ќе учат, соработуваат и разменат искуства.