На 02.04.2019-та година (вторник) од 11 часот на плоштадот во Валандово, СОУ „Гоце Делчев“ ќе го одбележи Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.
Гости на настанот ќе бидат децата од Дневен центар Валандово, Центар „Мајка Тереза“ – Гевгелија и ТСК „Ритам плус“ – Валандово. Тие ќе ве изненадат со нивните рачни изработки и изведби.
Овој настан е дел од активностите на Еразмус + проектот „Исти сме иако на различен начин учиме“.
За реализацијата на овој проект, учениците од „Гоце Делчев“ беа на обуки во Романија, каде преку различни активности и работилници, ја разработија темата „Аутизам“ и заеднички учеа, соработуваа и разменуваа искуства со врсници од повеќе земји.