Поради појавата на шумски пожари МЗШВ воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште

Согласно препораките, апелите и предупредувањата што Дирекцијата за заштита и спасување секојдневно ги спроведуваше изминативе неколку недели, од 29.3.2019-та година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 ч.

Забраната ќе важи се до нејзино отповикување. За непочитување на истата, на физички лица кои се затекнати да се движат во шума, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500-2.000 евра..

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати со слична надлежност.

МЗШВ ги информира сите граѓани дека се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password