Започнаа јавните презентации по предлог урбанистичките планови за Балинци и Пирава

Од вчера (29.03.2019-та година) со почеток во 11 часот, во просториите на Домот на култура во село Балинци, како и во просториите на Домот на култура во село Пирава, со почеток во 13 часот, се одржаа јавни презентации на Предлог урбанистичките планови за овие две населени места.

По завршување на јавните презентации, започнува процесот на јавни анкети, кој ќе трае до 11.04.2019-та година (четврток), рок во кој сите граѓани и правни лица од населените места Балинци и Пирава, во просториите на Општина Валандово ќе можат  на анкетен лист да достават писмени забелешки, предлози и мислења, за претходно презентираниот Предлог урбанистички план.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.