Во Валандово одбележан Светскиот ден на аутизмот

„Не осудувај го тоа што не го разбираш“, „Погледни го аутизмот со твоето срце, твоите очи можеби пропуштаат нешто“, „Детето со аутизам го гледа светот на поинаков начин, но тоа не значи дека е погрешен“ – беа дел од пораките на информативните флаери за аутизмот, кои денес се делеа на плоштадот во Валандово, со цел да се одбележи 2-ри април – Светскиот ден за свесноста на аутизмот.

На настанот присуствуваа корисниците на Центарот „Мајка Тереза“ – Гевгелија, децата и вработените во Дневен центар Валандово, а во организација на учениците од СОУ „Гоце Делчев“.

Беа поставени и штандови за продажба на рачни изработки од страна на корисниците на Центарот „Мајка Тереза“.

За реализацијата на овој настан, учениците од „Гоце Делчев“ беа на обуки во Романија. „Исти сме иако на различен начин учиме“ е проект финансиран од ЕУ и програмата Еразмус +. Целта е да се подготват децата и наставниците да ги разберат, прифатат и вклучат децата со аутизам и социјални пречки во општеството. Времетраењето на овој проект е 18  месеци, со учесници од училишта од Македонија, Бугарија, Полска, Литванија и Романија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.