Јани Макрадули на работен состанок со градоначалникот Костадинов

Денес Заменик министерот за животна средина и просторно планирање – Јани Макрадули беше во работна посета на општина Валандово, каде со градоначалникот Перо Костадинов одржа работен состанок.

На состанокот тие разговараа за решавањето на проблемите со дивите депонии, реализирањето на проектот за изградба на системи за превенција и рано детектирање од поплави, имплементирањето на проектот за поставување на метео станици, за рано детектирање на заболувањето кај лозовите и овошните насади, за инвестирањето на општината во енергетски ефикасни светилки, како и за организирањето на еко акции со цел подигање на јавната свест за здрава и чиста животна околина.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.