Во ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово се одржа обука на тема „Менаџирање на однесување на своето дете“ наменета за родителите на корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби – Валандово.
На обуката родителите добија помош и поддршка за работа со децата во домашни услови, им беше објаснето како да го разбираат однесувањето на своето дете и како да постапуваат во одредени ситуации. Обуката ја одржа волонтер од Мировен корпус, а е поддржана од дефектологот Весна Илова-Ташева.
Таа вели дека родителите се задоволни од обуката, со барање да се одржуваат повеќе обуки од ваков тип.