По повод 23-ти април – Светскиот ден на книгата и авторското право, градската библиотека „Гоце Делчев“ – Валандово во вторник, 23-ти април, од 7 до 9 часот, организира утринско дружење, на кафе и чај, со валандовските читатели.
Целта на овој настан е да се помине утрото со книга во рака, со кафе или чај, во друштво на читатели и љубители на пишаниот збор.
На настанот добредојдени се да присуствуваат читатели од сите возрасти.