Денеска дечињата од детската градинка „Калинка“ – Валандово, продефилираа низ градот маскирани во еко-симболи, заеднички одбележувајки го 22-ри април – „Денот на планетата Земја“.
Целта на дефилето беше да се подигне свеста во заедницата за важноста на здравата и чиста животна околина, да се втемелат здрави животни навики кај граѓаните, како и чистата и здрава животна средина да биде цел, уште од најмали години.