Во Дом на култура „25-ти мај“ – Валандово, одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Со кафе и чај, во пријатна атмосфера со класична музика, валандовските читатели и љубители на пишаниот збор, утрово го одбележаа 23-ти април – Светскиот ден на книгата и авторското право, во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово.

Читателите добија спакувани книги, како изненадување, заедно со порака за денот на книгата и цвеќе. Полната кошница изобилуваше со книги за деца и возрасни, со најразлични жанрови за сечиј вкус, но по случаен избор на присутните.

„Оваа година (2019-та) е прогласена за Интернационална година на автохтоните јазици, поддржана од УНЕСКО, за реафирмирање и поттикнување на меѓународната заедница да им помогне на автохтоните народи да ги сочуваат својата култура, своите знаења и своите права. А токму овој ден дава можност заедно да размислиме како подобро да ја шириме писмената култура, овозможувајќи му на секое живо суштество пристап до неа“ – стои во пораката на Одре Азуле – Генерален директор на УНЕСКО.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.