Општините од Југоистокот ќе добијат Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури

Општините од Југоисточниот плански регион ќе добијат Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина, кој како проект беше определен како приоритетен од страна на регионалната комисија на регионалните форумски сесии и потврден од градоначалниците на сите општини на Југоисточниот плански регион.

Проектот е одобрен за доделување грант од страна во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – прва фаза“.

Овие станици ќе им ги даваат не само потребните информации за временската состојба на земјоделците, туку и совети какви мерки треба да се преземат за да ги заштитат своите посеви. Предвидено е агрометеоролошките станици да почнат да функционираат од јануари 2020-та година, а трошоците за нивно одржување ќе ги покриваат општините.

Во рамките на овој проект предвидено е и информирање на земјоделците, преку информативни и советодавни настани. Договорот за партнерство за реализирањето на овој проект ќе го финансира Швајцарската агенција за развој и е веќе потпишан од градоначалниците.

Во зависност од бројот на културите, ќе се определи и колку агрометеоролошки станици ќе бидат поставени во секоја од општините, како и врз основа на побарувањата на засегнатите страни.

Освен овој, како приоритетни проекти беа утврдени и поставување Информативни табли под мотото „Со еден допир поблиску до регионот“ и производство и примена на био-палети во јавните установи.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.