Ученичката Сања Ѓоргиева од осмо одделение, при ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, го освои првото место во категорија млади поети од 6-то до 9-то одделение, на поетската манифестација „Пролет, љубов, смеа“, која традиционално секоја година се одржува во Дoмот на култура во Свети Николе.
Освен Сања, на манифестацијата учествуваше и Софија Петкова – ученичка во втора година во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, која за своето учество доби благодарница, а се натпреваруваше во категоријата младинци до 18 години.
Манифестацијата започна со изведување на едночинка од страна на учениците од основното училиште во Свети Николе, а програмата беше надополнета и со музички точки.
Учествуваа литературни клубови, основни и средни училишта и културни домови од земјава.