Советот на општина Валандово ќе ја одржи дваесет и втората седница

Денес (25.04.2019 година), со почеток од 10:30 ч. во салата за седници на Советот на Општина Валандово, ќе се одржи 22-та редовна седница на Советот на Општина Валандово, со следниов предложен дневен ред:

1.Предлог одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и ќе се изврши вклопување на бесправен објект.

2.Предлог одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши вклопување на бесправен објект.

3.Предлог одлука за обезбедување средства за одржување на Агрометеоролошки станици во рамки на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“.

4.Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општина Валандово.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.