ИЗЈ: Пријавени нови 95 случаи на морбили во државата, еден и од Валандово

Институтот за Јавно Здравје информира дека во перидот од 20.04 до 25.04.2019-та година, пријавени се нови 95 случаи на мали сипаници во земјава. Од нив најголемиот број (60 случаи) се пријавени во Скопје, а меѓу градовите од внатрешноста е и Валандово со 1 пријавен случај.

Во текот на оваа недела најголемиот број на пријавени се над 20 години.

Иако Валандово се вбројува во групата на градови во кои се регистрираат по помалку од 10 случаи, сепак епидемијата на морбили е прогласена на територијата на цела држава и според тоа, потребно е да се применуваат препораките на Институтот.

Според објавените информации, причината за епидемија од мали сипаници е невакцинирањето. Вкупниот број на вакцинирани лица до 14 годишна возраст со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 21,168.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари