Денес (02.05.2019 година), на стадионот на АМС Валандово, со почеток во 10 часот, се одржа „Општинскиот атлетски крос 2019″, во кој свое учество зедоа учениците од општинските училишта и децата од детската градинка „Калинка“ – Валандово.
Општинскиот атлетскиот крос во општина Валандово е традиционален настан со вклученост на сите возрасни категории од општинските подрачни училишта, со цел промоција на спортот, другарувањето и здравите животни навики кај најмладите во нашата општина.
На денешниот Општински атлетски крос, учесниците се натпреваруваа во следниве категории:
I и II одделение машки 300м, I и II одделение женски 300м;
III и IV одделение машки 500м, III и IV одделение женски 400м;
V и VI одделение машки 600м, V и VI одделение женски 500м;
III и IV година машки 1500м, I,II,III и IV година женски 1000м;
I и II година машки 1200м, VII и VIII одделение машки 800м;
VII и VIII одделение женски 600м;
IX одделение машки 1000м, IX одделение женски 800м;
Градинка 20м.