Од 2-ри до 6-ти мај ќе се одржува Меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“ во Чалакли

Од денес (02.05) започнува 28-от Меѓународен фестивал „Пролетни веселби“ („Хид Бах Шен Фест“) во Чалакли и ќе трае до 6-ти мај (понеделник) – Ѓурѓовден.

Фестивалот официјално ќе биде отворен вечерва од 18 часот, во Интернационален Балкан Универзитет во Скопје, на Културната трибина. Како дел од овој фестивал, годинава ќе се одржат повеќе културни настани, не само во Чалакли, туку и во Струмица, Гостивар, Башибос и Валандово. На него ќе учествуваат повеќе културно-уметнички друштва од Турција, како и од земјава и соседството.

На 03 мај, како дел од пролетните веселби ќе биде и свеченото отворање на 24-от Меѓународен Симпозиум за турска култура, кој ќе се одржи во Гостивар, во Интернационален Визион Универзитет, со почеток од 10 часот.

На 04 мај во Чалакли свечено ќе биде отворен фестивалот, на фестивалското плато, со почеток од 11 часот.

Фестивалот „Пролетни веселби“ се одржува по повод празникот Х’дрелез или Ѓурѓовден, кој се слави на 6-ти мај и го означува будењето на пролетта и обновувањето на вегетацијата. Во декември 2017-та година, фестивалот е впишан во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото и турската заедница во Македонија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password